Турција пред нова кандидатура на Ердоган: „Народот сака да остане на чело“

by irena 22:18
22:18

Не постои правна или уставна пречка што би го спречила турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно да се кандидира за функцијата.

Ова го изјави Абдулхамит Ѓул, заменик-претседател на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АКП), како што пренесува весникот *Бирѓун*.

„Цврсто веруваме дека одлуката на нашиот парламент ќе ги исполни очекувањата на јавноста претседателот повторно да се кандидира и да биде избран“, додаде тој.

Абдулхамит Ѓул одржа прес-конференција во Сакарја во рамките на иницијативата за средби под мотото „Векот на Турција“.Ѓул изј ави дека сите гласачи кои ја поддржале АКП сакаат „Таип Ердоган да остане на чело“ и истакна дека дури и оние што не ја поддржале партијата сметаат оти „поради глобалните конфликти и предизвици, претседателот Реџеп Таип Ердоган треба повторно да ја води земјата – нека се кандидира, а ние ќе гласаме за него“.

„Една од клучните точки на консензус во нашето општество е дека нашиот претседател треба да го продолжи својот пат како шеф на државата и да ја води Турција кон уште посилна лидерска позиција“, рече Ѓул.

Ѓул понатаму изјави дека на Турција ѝ е потребен нов, граѓански устав.

„Верувам дека ова барање и очекување на нашиот народ ќе наиде на одговор и во нашиот славен парламент. Цврсто веруваме дека одлуката што ќе ја донесе парламентот ќе ги исполни очекувањата на нашиот народ претседателот повторно да се кандидира и да биде избран за шеф на државата“, рече тој.

Слични вести