Тешка сообраќајка во Свети Николе: Пијан возач удрил во мотоцикл

by irena 19:25
19:25

68-годишен возач под дејство на алкохол удрил со автомобил во мотоцикл во Свети Николе, при што тешко бил повреден мотоциклистот, а повреди добила и неговата 22-годишна сопатничка.

Според информациите од МВР, несреќата се случила на 20 август околу 22:31 часот на улицата „Филип Втори“ во Свети Николе. Во судирот учествувале автомобил „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Љ.Д.(68) од Свети Николе, и мотоцикл „хонда“, управуван од С.П.(30) од селото Преод.

Во несреќата, 30-годишниот мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, додека неговата сопатничка В.С.(22) од Свети Николе била полесно повредена. Повредите им биле констатирани во болницата во Штип.

Полициска екипа извршила увид на местото на несреќата, при што било утврдено дека 68-годишниот возач на автомобилот бил под дејство на алкохол.

Кај него биле измерени 1,19 промили алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести