1
МВР информира дека вчера на пладне во СВР Скопје е пријавено дека во 12:00 часот на крстосница од ул. „Јордан Мијалков“ и ул. „Герман“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ц.Б.(67) од Охрид, со живеалиште во Скопје и велосипед управуван од А.Г.(68) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.