106
Се влошува состојбата со пожарот што е активен во околината на Кавадарци. Попладнево се проширил на тешко пристапен терен во атарот на селото Равец и се разговрува со голема брзина. Поради тоа се употребени и дополнителни два хеликоптера – еден полициски и еден армиски, кои учествуваат во гаснењето на огнот, информираше од теренот првиот човек на ДЗС Стојанче Ангелов.