Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Велислава Петрова-Чамова и Тимчо Муцунски, ќе имаат можност да одржат билатерална средба во Софија во четврток.
Како што пишуваат бугарските медиуми, на 8 октомври, Софија ќе биде домаќин на меѓународна министерска конференција посветена на Коридорот 8.
Домаќин на форумот ќе биде министерката Петрова, со учество на нејзиниот македонски колега, Тимчо Муцунски.
За време на конференцијата е предвидена билатерална средба меѓу двајцата министри, како дел од тековниот дијалог меѓу Бугарија и Македонија.
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека земјава испрати нота до Софија со барање за билатерална средба, но сè уште официјално не доби одговор.
За време на посетата на Урсула фон дер Лајен на Скопје таа повика на средба на високо ниво меѓу Бугарија и Македонија.