Василије Костов пред трансфер во Интер

by jadranka 13:02
13:02

Младиот играч за врска Василије Костов, кој има македонско потекло, продолжува да го привлекува вниманието на европските гиганти. Суперталентираниот играч за врска блеска во дресот на Црвена ѕвезда уште од минатата сезона, а одличната форма ја продолжи и на стартот од новата кампања, поради што белградскиот клуб постави цена од 20 милиони евра за неговиот потпис.

Во изминатиот период Костов се поврзуваше со неколку европски клубови, но според најновите информации, Интер е најсериозниот кандидат за негов ангажман. Италијанскиот шампион сака дополнително да го засили средниот ред, а во 18-годишниот фудбалер гледа долгорочно решение и потенцијален наследник на Давиде Фратези.

Интер во преговорите има и важен адут. Поранешниот српски репрезентативец Александар Коларов, кој е дел од стручниот штаб на Кристијан Киву како негов прв асистент, има одлични врски со семејството на фудбалерот.

Дополнително, братот на Александар, Никола Коларов, е агент на Костов, што би можело значително да ја олесни реализацијата на трансферот.
Доколку преговорите завршат успешно, Костов уште ова лето би можел да се пресели на „Џузепе Меаца“ и да направи голем чекор во својата кариера.

Слични вести