Четиригодишно девојче од Берово испило капсула за перење алишта

by irena 14:50
14:50

МВР информира дека синоќа во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое, според пријавеното, во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести