54
Гостиварската полиција уапси 34-годишник откако неговата сопруга пријави дека физички ја нападнал, па и одзел пари, но и клучевите од автомобилот.
Според информациите на МВР, рано утринава околу 02:20 часот на улицата „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го уапсија Х.С.(34) од Гостивар.
Претходно, неговата 36-годишна сопруга пријави дека околу 23 часот, по кратка семејна расправија, тој физички ја нападна во нивниот дом, па од нејзината чанта ги одзема парите и клучевите од нејзиното возило, по што го напушти местото.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.