Пожарите во Грција надвор од контрола, околу 2.000 туристи евакуирани од Крит

by irena 08:05
08:05

Околу 2.000 туристи се евакуирани од јужниот дел на грчкиот остров Крит поради голем шумски пожар кој брзо се шири во областа Ретимно. Грчките власти продолжуваат со превентивни евакуации на туристички места и населени подрачја со цел да се избегнат човечки жртви и поголема опасност.

Посетителите од загрозените региони се префрлени на побезбедни локации, додека 29 лица, главно туристи кои се наоѓале на плажи, биле евакуирани по морски пат.

За прифаќање на евакуираните во областа на Ираклион е отворена затворена спортска сала во местото Мирес, каде се обезбедени услови за привремен престој, душеци за спиење и основна медицинска помош.

Пожарот во Ретимно се шири со голема брзина поради силните ветрови кои ја отежнуваат работата на пожарникарските екипи. Според информациите од терен, огнената линија е долга околу 20 километри, а активни жаришта има и на островот Парос и во други делови на Грција.

Слични вести