Деца фрлале камења на улица, возач запрел и сакал да ги носи во полиција, мајката го пријавила

by jadranka 22:36
22:36

Жител на Скопје доцна синоќа фатил две деца кои фрлале камења на улица во Драчево, по што ѝ се јавил на мајката да ја извести дека ќе ги носи во полиција, а според нејзината пријава, тој и физички ги нападнал, соопшти МВР.

„На 20.07.2026 околу 00:50 часот во СВР Скопје, И.М. пријави дека на подрачјето на Драчево, Б.В. телефонски ја контактирал од телефонот на нејзиниот малолетен син и ја известил дека ги фатил нејзините две малолетни деца, кои претходно биле со група на малолетници кои играле и фрлале камења на улицата, по што ги внел во возило сакајќи да ги однесе во полиција и физички ги нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Слични вести