Се преврте багер во Гостивар, тешко повреден е 38-годишник

by irena 21:50
21:50

Триесет и осумгодишник се здоби со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведуваше работи се преврте на улицата „137“ во Гостивар.

Според пријавата, С.А.(38) од Чегране беше на терен со работната машина кога се преврте.

Повредениот е пренесен за укажување лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот изврши екипа од ОВР Гостивар.

Слични вести