Франција и Шпанија вечерва го отвораат полуфиналето на Светското првенство, а дуелот во Арлингтон носи пресметка меѓу две репрезентации кои се меѓу најубедливите на турнирот.
Франција стигна до оваа фаза откако ги совлада Шведска во осминафиналето, Парагвај во осминафиналето и Мароко во четвртфиналето. Тимот на Дидие Дешамп оствари максимален учинок и во групната фаза, завршувајќи со три победи.
Шпанија ја започна нокаут-фазата со триумф над Австрија, потоа ја елиминираше Португалија, а во четвртфиналето ја победи Белгија со резултат 2:1. Во групната фаза го освои првото место без пораз.
Пред натпреварот, многу се зборува за логистичките околности. Шпанските медиуми истакнуваат дека за време на првенството, нивната репрезентација патувала значително повеќе, менувала временски зони и имала еден ден помалку за одмор од Франција, додека Французите го поминале речиси целиот турнир во својата база во Бостон.
Од друга страна, Франција ги одигра повеќето натпревари на отворени стадиони, додека Шпанија поголемиот дел од турнирот го одигра на стадиони со затворен покрив и климатизација, што шпанските медиуми го наведуваат како една од ретките предности на „Фуријата“ пред противникот.
Победникот од вечерашниот натпревар ќе се пласира во финалето на Светското првенство, каде што ќе игра против подобриот тим од второто полуфинале меѓу Англија и Аргентина.
Натпреварот започнува во 21:00 часот во Арлингтон.