Повеќе од пет милиони луѓе веќе учествуваа во петицијата чија цел е исфрлање на фудбалската репрезентација на Аргентина од Светското првенство.
На веб-страницата „Argentinaout.com“ е покрената кампања за елиминирање на полуфиналистите од светскиот шампионат, без понатамошна борба.
Причината, според нив, е фаворизирањето од страна на судиите.
„Јасно е дека ФИФА и судиите се пристрасни кога станува збор за Лионел Меси и Аргентина. Зошто остатокот од светот би се натпреварувал кога победникот е веќе одреден? Исфрлете ја Аргентина од Светското првенство и дајте им на сите фер шанса“, се вели во краткиот опис на страницата, под кој се наоѓа едноставно копче за потпишување со еден клик.
До сега тоа го сториле над 5.200.000 луѓе, но таа бројка расте со огромна брзина, што сведочи за незадоволството на голем дел од фудбалската публика и нивното согласување со она што е наведено на оваа страница.
Во меѓувреме, Аргентинците ги продолжуваат подготовките за полуфиналето.
Актуелните светски шампиони играат против Англија во Атланта, во среда во 21:00 часот.