Во Скопје е запален автомобилот кој го користеше судијата Ѓоко Ристов

by irena 11:36
11:36

Во скопската населба Тафталиџе ноќеска целосно изгоре патнички автомобил, кој, според неофицијални информации, го користеше судијата Ѓоко Ристов.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат дека возилото е речиси целосно уништено од пожарот, при што најголема штета е причинета на предниот дел и моторниот простор.

Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска околу 02:50 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р..

„Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л.. Огнот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Во тек е увид“ велат од МВР.

Слични вести