Идната недела температура до 38 степени

by valentina 19:36
19:36

Следната недела во Македонија ќе донесе типично летно време со високи температури, многу сончеви периоди и попладневна нестабилност во повеќе региони. Најтопло ќе биде во вторник, среда и четврток, кога температурата во делови од земјата ќе достигне до 38 степени.

Според најновите синоптички прогнози, утрините ќе бидат пријатни, со температури од 12 до 20 степени, додека во попладневните часови ќе има услови за локален развој на облачност, краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните делови на земјата.

Во втората половина од неделата се очекува постепено освежување, со намалување на дневните температури за неколку степени, но и натаму ќе преовладува претежно топло летно време.

Во најголем дел од земјата УВ-индексот ќе остане многу висок и ќе достигнува вредности од 8 до 9. Метеоролозите препорачуваат избегнување директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот, внесување повеќе течности и дополнителна внимателност кај повозрасните лица, децата и хронично болните.

Слични вести