1605

by bogdan 19:47
19:47

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

СРАМ И АРАМ
Сега не знаеле дека мамините и татините принцези и принцови биле насилни. Не знаеле дека воспитале монструми кои за неколку лајка на Фејсбук, можат да стават точка на нечиј живот. Не знаеле дека децата им се неписмени, иако трчаат да се караат со наставниците за поголеми оценки. Со еден збор, не знаат за срам и арам.

СКИ-ЦЕНТАР НА КОЖУФ
Во јавноста првично се шпекулираше дека нови инвеститори ќе бидат иселеници од Германија, но најновите информации покажуваат дека како потенцијални инвеститори во „Ски Кожуф инвест“ се појавуваат бугарски компании зад кои стојат македонски бизнисмени.

ЗА 2 ГОДИНИ 200 ТЕНДЕРИ ЗА ЕДНА ФИРМА
Според официјалните податоци, оваа компанија, на годишно ниво, во просек има од 20 до 45 тендери во периодот како опозициската СДСМ е на власт, но веќе од 2024 година само во период од две нецели години добива над 200 тендери за набавка на медицинска опрема во вкупна вредност од околу 4 милиони евра.

БУРА ВО СДСМ
Жестокоста на реакциите што дојдоа од Бихаќка, тежината на зборовите што меѓусебно се упатија и заканите за потенцијални санкции кон некои од присутните, дефинитивно најавуваат вовед во една силна политичка пресметка, чиј исход однапред не може да се предвиди.

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРИ
Според податоците што ги доби „Фокус“ од Центарот за управување со кризи, од почетокот на оваа 2026 година заклучно со јуни, односно до 1 јули годинава, регистрирани се вкупно 1.104 пожари на отворен простор.

СВЕТОТ НА ИСТОРИСКА РАСКРСНИЦА
Погребот на Али Хамнеи и разговорите за иднината на Украина претставуваат две лица на ист историски момент. Светот постепено се оддалечува од моделите што доминираа кон крајот на дваесеттиот век и влегува во нова епоха.

СТРАТЕГИИ И СТРАТЕЗИ
Идеално решение би било партиите да се финансираат само преку членарините уплатени од страна на нивните членови, арно ама сиромашните граѓани немаат пари и за таков дополнителен трошок, па испаѓа дека по изборите, победничката партија ништо нема да им должи на најсиромашните гласачи во државата, па нема да ѝ биде гајле за нив.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Еве ме повторно како се навраќам на истите настани 35 години подоцна, во нов обид да ги доближам, овојпат, до генерациите што се родиле во независна Македонија.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Наместо реконструкција во функција на државата и граѓаните, неразбраните трговци и родоотстапници извршија деконструкција исклучиво за задоволување лични и партиски клептократски интереси. Успешните ги заменија со дустабанлии и со партиски некадарници.

Ана ПАНОВСКА
И додека ВМРО-ДПМНЕ има долга традиција како тивко и бесшумно да се справи со „непослушните“ членови, кај СДСМ сѐ уште постои занес дека тоа е, сепак, партија со демократски капацитет.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не би го ставил ниту малиот прст во оган за тврдењето дека Република Бугарија, под водство на претседателот „обединител“ Румен, не ќе се обиде да ја искористи и оваа историска „шанса“ по петти пат за да ја присоедини кон себе, т.е. кон мајка Бугарија територијата на денешна РС Македонија.