Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ХАРТИЈАТА ТРПИ СЀ
Само неколку дена откако беше донесен нов Кодекс за етичко однесување на пратениците, како и неколку години откако ист таков кодекс добија и членовите на владата, во Собранието се случи расправа без елементарна пристојност и основно ниво на коректност.
КУМСКИ БИЗНИС ВРСКИ
Роднините и блиските пријатели на македонските политичари се најчесто нивна десна рака во политиката, сојузништвото со нив е поцврсто од партиското, идеолошкото или политичкото зашто нераскинливата врска се заедничките бизнис-интереси.
ЛАЖНИ ПСИХИЈАТРИСКИ ВЕШТАЧЕЊА
„Фокус“ направи проверка, како му оди во животот на еден несуден затвореник, кој пред неколку години со слично вештачење се спаси од 9 годишна затворска казна. Беше и остана бизнисмен кој врти милиони, а со дијагнозата која ја доби не влезе ниту во затвор, ниту во психијатриска болница.
ЗМИЈА ИЛИ МАГАРЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ
Најавите за можно зголемување на старосната граница за пензионирање и ревизија на вториот пензиски столб предизвикаа загриженост. Експертите сметаат дека реформите се неизбежни.
ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО АЛБАНИЈА
Според неофицијални информации на „Фокус“, влезот во Албанија му бил забранет на Нуредин Деари, раководител за финансии во Општина Тетово и еден од најблиските соработници на тетовскиот градоначалник и копретседател на ВРЕДИ, Билал Касами.
СВЕТОТ СЕ МЕНУВА
Константната воена нестабилност стана нова нормалност. Оружјето од фронтот се повеќе се шири низ светот и со него се прават криминали и атентати.
ПОЛИТИЧКИ РИТУАЛИ
Партиските активисти, кога ќе се скараат едни со други разменуваат традиционални навреди од типот на тоа кој е таен играч на власта, кој работи за службите, кој е платен да ровари, кој е уценет со кривични постапки, кој е тројански коњ, кој е шпион и кодош…
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Телефонскиот повик за состанок со мандатарот за состав на експертска влада, професорот од Економскиот факултет, Никола Кљусев, не ме изненади премногу. Уште порано бев слушнал за пофалните зборови на претседателот Глигоров за моите политички ставови.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Системот Mafiadonia „знаe како“ (know how) сукцесивно да урнисува по хоризонтала, вертикала и дијагонала. Уклевниот народ не е негова жртва, туку соучесник. Правен лек нема!
Ана ПАНОВСКА
Меѓународната евроатлантска заедница која нѐ лажела сиве овие триесет години и барала да правиме толку многу отстапки: да си ги дадеме знамето, името, идентитетот, јазикот… Е, добро, де! Ете ВМРО-ДПМНЕ не се прелажа! Си отспа цели 35 години, тресе пазуви и „ни лук јал ни лук мирисал“.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Пречекорена е секоја мерка на (не)одговорен однос кон граѓаните во сите нивни општествени улоги – како индивидуи, како создавачи на доход и плаќачи на данок, како потрошувачи, како субјект од кој извира политичката моќ и власт на политичките партии и нивните „лидери“ итн.