Девер (69) со скалпел ја исекол снаата (70) – му рекла дека тој „наскоро ќе умре“

by irena 09:52
09:52

Сериозен инцидент се случи вчера во близина на Белград, кога Ж.Н. (69), по расправија на сред улица, со скалпел ѝ го пресекол грлото на својата снаа И.Н.(70).

Според „Телеграф.рс“, драмата се случила по вербален конфликт меѓу девер и снаа, кои со години биле во лоши односи.

Во еден момент, осомничениот извадил скалпел и ја нападнал жената, нанесувајќи ѝ тешка расекотина на вратот.

Иако тешко повредена и облеана во крв, несреќната жена успеала да стигне до блиската амбуланта, каде што добила итна медицинска помош.

Лекарите успеале да ја санираат повредата, а според првичните информации, сечилото не ги допрело главните артерии, па животот на жената не е во опасност.

Кратко по нападот, полицијата го уапсила Ж.Н, кој го признал делото за време на сослушувањето.

– Со години имавме лоши односи. Ме навредувала и претходно, а вчера ми рече дека наскоро ќе умрам. Тоа целосно ме извади од колосек – наводно рекол осомничениот.

Истрагата ја води надлежното обвинителство, кое ќе ги утврди сите околности на овој случај на семејно насилство.

Слични вести