Сончево и топло време со мала до умерена облачност

by irena 07:39
07:39

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одделни места ќе има услови и за изолирано невреме со појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер, додека долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе дува од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 18 степени, а дневните ќе достигнат од 25 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, додека максималната ќе достигне до 33 степени.

Слични вести