(ВИДЕО) 20.000 навивачи на БиХ го пеат легендарниот хит на Халид Бешлиќ во Сент Луис, САД

by irena 11:23
11:23

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина одигра нерешено 1-1 со Панама во последниот натпревар пред почетокот на Светското првенство, но овој пат резултатот беше втор план. Она за што се зборува е атмосферата што малку репрезентации можат да ја создадат илјадници километри далеку од дома.

Речиси 20.000 навивачи на Босна и Херцеговина се собраа на трибините на кои имаше бројни знамиња, со песни и факели го одбележаа овој меч.

Кулминацијата на атмосферата дојде пред почетокот на натпреварот.

Додека играчите се загреваа, низ звучниците одекнуваше легендарниот хит „Ljiljani“ од Халид Бешлиќ, песна што во последните години стана еден вид заштитен знак на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Слични вести