Брвеница избира градоначалник во недела – дали ќе се гласа по етнички клуч?

by vlatko 21:13
21:13

Брвеница во недела избира градоначалник.

Во вториот круг од предвремените локални избори ќе се соочат Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ.

Кампањата завршува вечерва, а на полноќ почнува изборниот молк.

Во пресрет на гласањето, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара поддршка за партискиот кандидат од сите жители, без оглед на етничката и партиската припадност.

Тој порача граѓаните да одлучуваат според понудените проекти и според тоа кој може да обезбеди подобри услови за нивните семејства.

Мицкоски предупреди дека Македонците и Албанците во општината ќе продолжат да живеат едни покрај други и по изборите и ги обвини политичките противници дека со етнички поделби се обидуваат да ги спасат своите политички кариери.

Предвремените избори во Брвеница се одржуваат по смртта на Јовица Илиевски.

Слични вести