121
Двајца пешаци се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне кај дивиот пешачки премин во близина на Бит Пазар во Скопје, локација која подолго време се посочува како ризична за пешаците.
Автомобил удрил во маж и жена додека го преминувале булеварот. По несреќата, повредените биле пренесени во болница за укажување лекарска помош.
На местото на настанот пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, а се утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.