Кривична за виничанец – премостил броило и направил штета од околу 3.000 евра

by irena 17:10
17:10

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против В.М.(41) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Пријавениот во Виница извршил премостување на мерната опрема, при што преземал делумно или во целост нерегистрирана количина на електрична енергија и притоа на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и нанел штета во вкупен износ од 181.972 денари.

Слични вести