Иран објави три црвени линии во преговорите со САД

by irena 16:43
16:43

Иранските државни медиуми ги објавија клучните „црвени линии“ на Техеран во тековните преговори со САД, откако во изминатите денови се појавија знаци за можен напредок во разговорите меѓу двете земји.

Иранската агенција ИРНА наведува дека Техеран не е подготвен на компромис кога станува збор за „инфраструктурата на иранската нуклеарна програма“.

Вашингтон порачува дека Иран не смее да развие нуклеарно оружје, а, според дел од извештаите, САД бараат Техеран да го предаде збогатениот ураниум.

Една од главните точки за Иран е и прашањето за Ормутскиот теснец.

Според иранските медиуми, Техеран бара признавање на своето право на разузнавачки и оперативен надзор над овој важен поморски премин.

Дополнително, Иран инсистира и на ослободување на замрзнатите финансиски средства под меѓународни санкции, особено средствата што се наоѓаат во Катар.

Слични вести