Во неколку скопски населби утре ќе нема струја

by irena 18:15
18:15

Поради планирани технички зафати во електро преносната мрежа, утре (среда, 20.05.2026 година) неколку скопски општини и населени места ќе останат без снабдување со електрична енергија, информираат од надлежните служби.

Прекините ќе се реализираат во различни временски интервали во текот на денот.

Општина Центар: Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улица „Црвена Вода“ бр. 7.

Општина Кисела Вода: Од 09:00 до 13:00 часот, жителите на улица „Саса 24“.

Населено место Бардовци: Од 09:00 до 14:00 часот, дел од потрошувачите лоцирани на улица „6“ во населбата.

Општина Центар (втор прекин): Од 09:15 до 15:15 часот, корисниците на улиците „Самоилова“, „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје.

Слични вести