Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ФАКТУРИТЕ НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПЛАЌА ВЛАСТА
Дури и да нема никаква политичка заднина за „ТЕЦ Неготино“, сепак, на крајот граѓаните нема да ја испорачаат фактурата за незадоволството од работата на обвинителството и судот на овие органи, туку ќе ја испорачаа на избори кон партиите од власта.
ОБВИНИТЕЛСТВОТО СЕ „НАПИ“ ОД НАФТАТА НА КАПУШЕВСКИ И ЈАХОСКИ
Обвинителката Коларевиќ, првичната корупциска афера со набавката на мазут за „ТЕЦ Неготино“ ја претстави како спасувачка мисија, запирајќи ја истрагата. Но, покрај многуте сомнежи и за овој дел од приказната, сепак скандалозно е што сè уште не е утврдено дали мазутот ги труел граѓаните.
5,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ТЕНДЕРИ
Во последните пет години, поточно во периодот од 2019 до 2024 година, во државата биле склучени договори за јавни набавки, во вкупна вредност од 5,8 милјарди евра. Од овие бизнис-зделки, 2,1 милјарда евра им припаднале само на 50 фирми.
ИСТОРИСКИТЕ ПРАШАЊА СО БУГАРИЈА
Средби има – но нема никакви резултати. И, тоа е константа од последните видувања на членовите на мешовитата Комисија. Исто како што е константа, споменувањето на името на Гоце Делчев редовно од бугарска страна, поточно кога ќе се дискутира конкретно за неговиот лик и дело.
ХАНТА ВИРУСОТ
Ханта вирусот е сериозен и потенцијално смртоносен вирус, но засега нема карактеристики за глобално ширење како ковид 19. Стравот што го создава во јавноста е многу поголем поради колективната траума што светот ја доживеа со пандемијата.
НАДЛЕЖНИ И НАДЕЖНИ
Ако институциите за кои има закон дека се надлежни не си ја вршат работата, што е смислата воопшто да постои закон каде што тие се назначени како надлежни? Е па, ако не беа назначени со закон како надлежени, од кај ќе знаевме дека се надлежни?
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Кога благородниците увидуваат дека не можат да му се спротивстават на народот, се обединуваат величајќи еден од нивните редови и правејќи го владетел, за да можат да продолжат да ги остваруваат своите намери под сенката на неговиот авторитет.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Клучниот проблем за трансформирање на фиран државата и воспоставениот (анти)систем Мафијадонија е убеденоста дека беззаконието и калакурницата се пофункционални од редот и поредокот.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Од техничко-технолошки аспект, целокупниот овој процес е покриен со развој на нови технологии на војување и цивилен развој за тоа како да се дојде до предност и корист во распределбата на енергетските, водните и рудните ресурси со кои сè повеќе станува сиромашна планетата Земја.
Ана ПАНОВСКА
Надежта е во Мицкоски, кој распореди свои луѓе во клучните правосудни органи и сега сите се надеваат дека Груевски ќе биде ослободен од обвиненијата со негова сесрдна помош. Токму во таа прикаска очекувам дека Мицкоски ќе се стори во еден тврд легалист и, почитувајќи ги законите, глатко ќе го жртвува Груевски.