1598

by bogdan 19:54
19:54

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ПРАВОСУДЕН ИСПИТ СО ТЕЖОК МИРИС НА ПОЛИТИКА
За првпат во македонската историја, кога станува збор за барања и протести поврзани со јазични права, албанскиот политички фактор, директно и многу остро се конфронтираше меѓу себе.

ИНТЕРВЈУ | НЕНАД САВЕСКИ
Републичкиот обвинител Савески во интервју за „Фокус“ вели дека ќе ја врати довербата во оваа институција, а ветува и дека ќе ги подобри условите за работа. Освен за неговата визија и планови, разговаравме и за актуелни случаи, меѓу кои и за „Пулс“ и „ТЕЦ Неготино“.

ИМПРОВИЗАЦИЈА И ПРИ СМРТ
Морничавата приказна за осомничениот сериски убиец, од Старо Нагоричане, отвори сериозни прашања за постапувањето на надлежните служби на терен, а е поврзано со лекарите кои кај дел од жртвите констатирале природна, а не процениле дека се работи за насилна смрт.

ИГРИ НА СРЕЌА
Долги години наназад, политичките партии ја експлоатираат темата за дорегулација на секторот за игри на среќа, со цел да рефлектираат кон сензитивноста на јавноста и граѓаните кон ова прашање.

ВОЗОВИ
Додека политичарите најавуваат брзи пруги, модерни возови и европска железница, македонските патници се туркаат во еден вагон, патуваат со часови во возови стари 51 година во кои времето го чувствуваат поинаку — токму како во Теоријата на релативитетот.

ПЕКИНГ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН
По посетата на Трамп и пред доаѓањето на Путин, Кина се обидува да ја преземе улогата на глобален посредник. Но зад дипломатските насмевки се кријат тврди економски интереси, геополитички калкулации и нова борба за светски поредок.

ВОЛКОТ КАКО СИМБОЛ
Во волкот т.е. кучето од Козле се пресликаа ставовите на нашите граѓани кон политичарите и партиите. Секој фан на Христијан Мицкоски гледа во него полнокрвен чувар на државата од шампионско легло (т.е. партија).

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Ниту еден владетел не е безбеден без сопствени трупи, зашто, не поседувајќи сигурни средства за одбрана во време на неволја, целосно зависи од среќата.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Сите влади, освен првата експертска, беа неспособни и бош направија. Во нивните мандати правеа „дупки во вода“, мантраа празни ветувања, глупости и лицемерие во партиските слогани.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Нема дилеми чија инсталација е Ислам Абази во ОЈО ГОКК. Прашање за одговор е само чија инсталација се уште многу други судии и обвинители на сите нивоа на судови и обвинителства.

Милка РИСТОВА
Насекаде во светот, постојат повеке службени јазици, но судиите, јавните обвинители и адвокатите задолжително треба да го владеат службениот правен јазик на кој се суди и пресудува. Тоа е професионален, а не етнички критериум.