Кои се затворените институти: Организирале коцкање и продавале текстил на големо, наместо да истражуваат

ПН: Министерката за образование и наука, Весна Јаневска обелодени сериозни неправилности во работењето на дел од високообразовните институти, посочувајќи дека еден од нив бил регистриран во простории на обложувалница. Во Струга беа затворени два институти, Институтот за европјанистика и меѓународна политика и Институтот за економски развој и еколошки менаџмент, кои биле основани од Меѓународниот универзитет, чиј косопственик бил синот на Рамиз Мерко.

by irena 19:30
19:30

 Одговарајќи на новинарско прашање во врска со новиот предлог-закон за високо образование, министерката за образование и наука, Весна Јаневска обелодени сериозни неправилности во работењето на дел од високообразовните институти, посочувајќи дека еден од нив бил регистриран во простории на обложувалница.

Станува збор за институции што досега имале право да издаваат дипломи признати и во државава и во странство, што, според Јаневска, отвора сериозни прашања за квалитетот и легитимноста на високото образование.

Најбрутален пример беше кога Комисијата на МОН направи проверки во еден институт, тој беше регистриран во обложувалница, во задниот дел, каде што своите функции требаше да ги врши на две столчиња и на два душека. Ние водиме 34 високообразовни институции во земјава и апсолутно е недозволиво што под превезот на институти се одвиваат други дејности, изјави Јаневска.

КОЈ РАБОТЕЛ НЕЛЕГАЛНО?

Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжение за отстранување на истите, Министерството за образование и наука донесе одлука за привремено затворање на 14 приватни научни институти, дел поради неактивност, а дел поради неисполнување на условите за работа.

Поради нерегуларности и неисполнување на условите за работа по дадениот тримесечен рок, со одлука на Министерството за образование и наука во февруари затворен беше и Институтот за биометриски истражувања од Скопје, кој е осма по ред затворена научно-образовна институција.

Под името „институт“ во Македонија се регистрирале секакви дејности, вклучително и обложувалница во Визбегово, која работела под превезот на биометриски институт.

Контролата на инспекторите од просветниот инспекторат покажала дека институтот што се наоѓал во просторија зад обложувалница, во која имало два кревета и две столчиња, не ги исполнувал минималните услови за работа. Во Институтот биле вработени двајца луѓе.

Не е познато дали институтот издавал дипломи, кои би можеле да се користат понатаму за вработување или дообразување и не е познато дали воопшто се вршеле истражувања од областа на биометриските истражувања.

Основањето на таквите институти било мотивирано поради олеснувањата на државата што ги дава за вакви установи, како што се набавки на одредени материјали и производи без ДДВ.

Освен Институтот за биометриски истражувања од Скопје, од МОН за „Фокус“ потврдија дека досега се затворени 13 приватни научни институти и високостручни школи.

Меѓу нив е „Институт за бизнис-економија“ во Скопје. Тој е приватен научен институт за бизнис-економија основан во 2011 година, кој требало да прави истражувања и експериментален развој во општествените науки. Не генерирал приходи сѐ до 2023 година и имал само едно вработено лице.

Во Скопје е затворен и ,,Институт за геобиологија, археологија, подземни води и екологија“, или Институт ГАПЕ, кој бил основан во 2006 година и за него не постојат податоци дали имал вработени и каква дејност вршел.

ЗАТЕГНАТИ УСЛОВИ

Од МОН објаснуваат дека два се затворени бидејќи дел не биле активни подолг период, додека некои не ги исполнувале условите за вршење научно-истражувачка дејност.

-Најчесто поради тоа што немале Програма со цели и активности во времетраење минимум 3 години, како и поради тоа што немале ангажирано соодветен кадар. Институтот треба да има во работен однос најмалку пет истражувачи, од кои двајца со докторат на науки и тројца со магистратура или, најмалку, со високо образование, како и да бидат во редовен работен однос со полно работно времевелат од МОН.

Според министерката за образование, новопредложениот закон за научно-истражувачка дејност, кој е уште во фаза на јавна расправа, треба да воведе ред во основањето и работењето, особено на приватните институти. Во предложената верзија на законот е наведено дека се бара приватниот научен институт да има најмалку десет вработени лица, од кои најмалку пет доктори на науки што ги исполнуваат условите за избор во научно звање. Во претходниот закон, кадровските барања за приватни институти беа речиси двојно пониски.

Со новото решение, бројот на потребни истражувачи практично се удвојува. Ова директно има финансиски импликации, бидејќи вработувањето двојно повеќе истражувачи значи значително зголемување на трошоците за плати, придонеси и научна инфраструктура. Дури и ако се удвои буџетот, институциите повторно ќе се соочат со сериозна пречка. Докторите на науки што треба да се вработат мора да ги исполнуваат условите за избор во научно звање, предвидени во член 33, што подразбира објавени научни трудови и други академски критериуми. Овие услови не може да се создадат во краток временски период од шест месеци, како што наложува предлог-законот“, наведува во своите забелешки Институтот за комуникациски студии, доставени до ЕНЕР, електронскиот регистар на прописи.

Според МОН, новите законски решенија, каков што е Законот за научно-истражувачка дејност, кои се базирани на анализи на европските практики, имаат за цел да го подобрат квалитетот на научната дејност, но и легитимитетот на институтот што се занимава со оваа дејност.

Целата сторија може да се прочита во неделникот „Фокус“:

1593

Пишува: Орце КОСТОВ

 

 

Слични вести