Напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал, заработил руптура на задната ложа на левата нога, а точниот период на неговото отсуство ќе биде познат во наредните часови.
Талентираниот фудбалер ја заработи повредата на првенствениот натпревар против Селта во средата навечер, по што медицинските тестови потврдија посериозна повреда.
Според првите проценки, Јамал сигурно ќе го пропушти „Ел Класико“ против Реал Мадрид закажан за 10 мај, а постои и можност неговата сезона да заврши порано од очекуваното.
Дополнителни прегледи кои попрецизно ќе го одредат времетраењето на закрепнувањето се закажани за подоцна денеска.
Поради оваа повреда, постои загриженост и во Шпанија, со оглед на тоа што станува збор за играч кој има важна улога во националниот тим, а го очекуваат подготовки за Светското првенство, кое започнува на 11 јуни.
Јамал беше еден од клучните играчи во освојувањето на европската титула, но сега неговата подготвеност за претстојното Светско првенство е под знак прашалник.