191
Безбедносната состојба во државата е стабилна, но институциите внимателно ги следат глобалните случувања и нивното можно влијание врз економијата.
Ова меѓу другото го изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски вечерва во гостување на ТВ21.
Мисајловски посочи дека надлежните служби постојано ја анализираат состојбата и подготвуваат извештаи за безбедносните ризици.
„Често пати изнесувам само некласифицирани информации. Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, но мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори“, изјави Мисајловски.
Нагласи дека овие прашања биле разгледувани и на седница на Советот за безбедност на Македонија, каде што било посочено дека глобалните кризи можат директно да влијаат врз економските текови.