Со чекан убиен познат криминалец во Чачак

by irena 17:00
17:00

Извесен Нешо К.(58) е убиен денеска околу 13 часот во станбена зграда во Чачак.

Како што пишува српски Курир, тој ѝ бил познат на полицијата од претходно и имал дебело полициско досие.

– Нешо К. е познат во Чачак како проблематична личност. Уапсен е за измама, лихварство, продавал автомобили, велат дека биле украдени – велат соговорниците.

Според изворите, жртвата е убиена од удари со тап предмет.

– Најверојатно станува збор за чекан – вели изворот и додава дека камерите за надзор го снимиле убиецот.

– Идентитетот на осомничениот ѝ е познат на полицијата и тие го бараат. Се сомнева дека тој и жртвата се познавале од претходно и дека имале конфликт – открива изворот.

Станарите во зградата каде што се случи злосторството рекоа дека не чуле ништо се додека не ги слушнале полицијата и службите за итни случаи.

– Одеднаш ја слушнавме полицијата, брзата помош, а потоа ни кажаа дека во зградата се случило убиство. Не знаеме точно за што станува збор, слушнавме само дека станува збор за луѓе кои веќе ѝ се познати на полицијата. Убиството се случило околу 13:30 часот, не слушнавме истрел – изјави еден од вознемирените станари.

Слични вести