161
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет на вчерашната прес-конференција изјави дека САД имаат јасна воена предност во војната против Иран и се подготвени за продолжена кампања.
– Немаме недостиг на муниција. Нашите резерви на одбранбено и офанзивно оружје ни овозможуваат да ја одржиме оваа кампања колку што ни е потребно, посочи Хегсет.
Според него судирот со Иран е во почетна фаза.
– Само што почнавме борба и одлучно ќе се бориме, наведе Хегсет.
Додека командант на Централната команда на САД, адмиралот Бред Купер истакна дека американските сили за 72 часа погодиле речиси 200 цели во Иран, вклучително и околу Техеран. Според него уништени или потонати се 30 ирански бродови.