Обвинителството повика на разговор повеќемина за трагедијата во скопско Тафталиџе

by jadranka 21:32
21:32

За трагедијата во скопско Тафталиџе, вечерва се огласија и од Обвинителството. Во кусото соопштение испратено оттаму стои:

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во Карпош, каде по пад од висококатница починаа жена и малолетно дете. Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази. Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот. Повеќе детали од дејствијата во текот на утрешниот ден“, стои во дописот на Обвинителството.

Слични вести