Од 4 март седниците на Уставен суд во живо пред граѓаните

by irena 14:46
14:46

Уставниот суд започнува историски исчекор кон целосна институционална отвореност, отпочнувајќи ја најголемата реформа во областа на транспарентноста од своето постоење.

Од 4 март, за првпат во историјата, јавноста ќе може да ги следи седниците во живо, преку официјалната веб-страница и дигиталните канали на Судот на YouTube и Facebook.

Седницата ќе биде достапна преку следниот линк: (https://www.youtube.com/watch?v=vOjp-gcskNA )

Со воведување на овој модел на транспарентност се отвора ново поглавје во односот меѓу институцијата и граѓаните.

Секој граѓанин ќе може во реално време да види како се водат расправите, кои аргументи се соочуваат во процесот на одлучување, како се гради правното мислење и каква е атмосферата во која се носат одлуките кои се од суштествено значење за правниот поредок.

Со оваа новина, Уставниот суд не само што поставува нови стандарди за сопственото работење, туку се позиционира како најтранспарентен суд и една од најотворените институции во државата, со идеја да ги поттикне и останатите органи на власта кои се стремат кон поголема јавност и отчетност.

Слични вести