184
По одржани пет јавни расправи на државните универзитети, МОН прифати низа забелешки за новиот Закон за образование, меѓу кои намалување на бројот трудови во научни списанија пред одбрана на магистерки и докторски труд. За останатите барања кои се дискутабилни, работната група повторно ќе се состане и ќе одлучи што со нив.
Министерката Весна Јаневска вели дека новиот закон за високо образование нема да биде повлечен.
-Законот навистина нема потреба да се повлече затоа што секое повлекување и одлагање на ова законско решение е на штета на високото образование во земјата, а тоа значи дека е на штета на студентите и младите луѓе – изјави Јаневска.