„Главна дестинација на владиниот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите. Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот. Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски. Затоа и беа тргнати потпретседателите“ соопштија попладнево од СДСМ.
Од партијата велат „нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренција, се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски. Мицкоски е само чувар на фотелјата“.
„Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата. Мицкоски, Николоски, Силјановска најмногу го користеле владиниот авион. Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење. Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари?“ е ставот на опозициската партија.