Гркинки краделе козметика во трговски центар во скопски Аеродром – уапсени се

by irena 14:45
14:45

Полицијата уапси две грчки државјанки, осомничени за извршена кражба во продажно место на подрачје на општина Аеродром.

Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода 46-годишната Е.П. и 26-годишната Г.Г., двете од Република Грција.

Тие се сомничат дека во саботата во периодот од 18:15 до 18:35 часот од продажно место во Трговски центар на подрачјето на општина Аеродром украле повеќе козметички производи.

По целосно документирање на случајот, против двете ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести