Лавина на Италијанските Алпи: Двајца скијачи загинаа, уште еден е во критична состојба

by irena 22:55
22:55

На италијанските Алпи, во долината Аоста, двајца скијачи загинаа во лавина, додека трет е пренесен во болница во Торино во критична состојба, соопштија планинските спасувачки служби.

Се трага по можни дополнителни жртви, бидејќи се проценува дека во снегот можеби се затрупани и до шест скијачи, најверојатно државјани на Франција, пренесува Мирор.

Лавината се одрони околу 11 часот над селото Курмајеур, каде група скијала надвор од патеките. Втора лавина денеска се случи во регионот Трентино, но спасувачките екипи успеаа да го извлечат скијачот кој бил затрупан под снегот.

Слични вести