ЕУ ги отфрли сите предлози на превозниците од Западен Балкан, можни се нови блокади

by irena 21:56
21:56

Европска комисија ги отфрли предлозите на земјите од Западен Балкан за олеснување на престојот на товарните превозници во ЕУ, објави Вијести.

Од Брисел порачале дека возачите мора да се придржуваат до правилото 90/180 дена и дека предложените решенија не се во согласност со Шенген правилата.

Превозниците бараа посебни визи или времето поминато во транзит да не се смета во дозволениот престој, но тие предлози биле одбиени. Како алтернатива, било понудено издавање визи од одделни земји-членки за престој подолг од 90 дена.

Превозниците предупредуваат дека тоа може да доведе до одлив на возачи и губење на конкурентноста на компаниите од регионот. Поради новите правила што стапуваат во сила во април, најавени се можни протести и блокади.

Превозниците сметаат дека според новите правила, сметајќи ги времето на чекање и другите процедури, ќе можат да работат максимум десет дена месечно, и дека поради новите регулативи, нема да бидат конкурентни со превозниците од ЕУ и дека ќе останат без работа.

Слични вести