Тројца луѓе со запрежно возило влегле во фабрика, а потоа со прачки ги нападнале вработените

by irena 21:40
21:40

Во близина на фабрика во Ѓорче Петров, три непознати лица физички најпрвин со коњска кола влегле во фабриката, а потоа нападнале тројца вработени, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според СВР Скопје, вчера во 21:00 часот било пријавено дека околу 11:45 часот три лица со коњска кола влегле во кругот на фабриката. Откако биле забележани и предупредени од тројца вработени дека треба да го напуштат просторот, лицата физички ги нападнале, при што употребиле и дрвени предмети.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и за идентификување на сторителите.

Слични вести