2,4K
Тинејџер завршил со тешки телесни повреди на Ургентен центар откако бил претепан во обложувалница во Скопје.
Инцидентот се случил рано утрово во 6.31 часот.
– Во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувалница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18) – соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.