233
МВР информира дека вчера во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Радичево, струмичко, е пронајден починат К.Г.(66) од истото село.
Информациите се дека тој од невнимание паднал во шахта во неговото дворно место, соопштија денеска од СВР Струмица.
Во соопштението се додава дека лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Струмица.