Русија ја нападна Украина со дронови и проектили

by vlatko 09:21
09:21

Русија во текот на ноќта повторно изврши воздушни напади врз Украина, јавија локалните медиуми рано изутринава.

Централниот украински град Кременчук во регионот Полтава бил нападнат со десетици дронови и хиперсонични проектили „Кинжал“, соопшти Украинското воено воздухопловство.

Во градот се слушнале експлозии, а жителите пријавиле прекини во снабдувањето со електрична енергија и греење.

Засега не се достапни официјални бројки за жртвите или степенот на штетата, а извештаите не можат независно да се потврдат, пренесе ДПА.

Претходно, во текот на ноќта кон саботата, друг голем руски воздушен напад ја погоди електричната мрежа на Украина, предизвикувајќи штета и итни прекини на струја во неколку региони.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ја обвини Москва за напад врз цивилната инфраструктура.

Слични вести