Прегазена 57-годишна жена на крстосница во Тетово

by irena 13:31
13:31

МВР информира дека вчера рано наутро во 07:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од бул. „Илинденска“ со ул. „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(54) од Тетово, удрило во 57-годишната Х.Ќ. од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Х.Ќ., констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Слични вести