169
МВР информира дека вчера попладне во 13:35 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 07:40 часот, при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја.
Претпоставките се дека се работи за хероин.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.