183
Општина Кочани го доби својот нов градоначалник по завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025. Според конечните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, обезбеди убедлива победа.
Со обработени 100% од гласачките места, Грозданов освои 52,71% од гласовите, додека неговиот противкандидат, Венко Крстевски од Групата избирачи (ГИ), доби 42,31% од гласовите, односно 5.914 гласа.
Во наредните денови, се очекува Влатко Грозданов да ја преземе функцијата градоначалник и да се посвети на реализација на предизборната програма за развој и подобрување на општината.