Трамп: Не планирам да се сретнам со Путин сè додека не почувствувам дека е постигнат договор што ќе обезбеди мир

by irena 22:09
22:09

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека не планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не верува дека е постигнат договор што ќе обезбеди мир меѓу Русија и Украина.

„Треба да знаеме дека ќе постигнеме договор, нема да губам време“, изјави Трамп за новинарите во Доха, според Ројтерс.

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка, Кирил Дмитриев, претходно за Си-Ен-Ен во Вашингтон изјави дека верува оти неговата земја, Соединетите Американски Држави (САД) и Украина се блиску до дипломатско решение за прекин на војната во Украина.

Дмитриев потоа рече дека средбата меѓу Трамп и Путин не е откажана, како што изјави американскиот претседател, и дека двајцата лидери веројатно сепак ќе се сретнат.

Слични вести