Мециновиќ не одговори дали Левица ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево

by irena 22:06
22:06

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ вечерва во гостување на тв Сител на прашањето дали Левица ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Александар Јовановски или ќе застане зад актуелниот градоначалник од ДУИ – Фатмир Дехари избегна да даде конкретен одговор.

„Повторно портпаролската функција за овие избори ми е малку ставена на пауза, не дека нема да имаме став, ќе имаме став, но сметам дека сега не е местото јас да го коментирам ова, а затоа што имаме една голема обврска пред нас, а тоа е вториот круг за Град Скопје“ – рече Мециновиќ.

Левица во текот на кампањата жестоко го критикува ВМРО-ДПМНЕ што во повеќе општини, како Тетово, Гостивар и Струга, немаа сопствени кандидати за градоначалници.

Слични вести