Во семејна куќа во германскиот град Солмс, во сојузната покраина Хесен, полицијата и спасувачките служби пронајдоа три безживотни тела попладнево, а едно лице со тешки повреди е пренесено во болница, пишува Билд.
Според првите информации, полицијата добила неколку итни повици околу 11 часот. Сведоците пријавиле повредено лице во дворот на куќа во округот Нидербил. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските патроли пронашле лице со повреди на главата, кое веднаш било пренесено во најблиската болница од страна на спасувачките служби.
Телата на три лица биле пронајдени во куќата. Лекарот од итната помош можел само да ја потврди нивната смрт. Околностите на овој настан се уште се целосно нејасни. Идентитетот, полот и врските на жртвите сè уште не се познати, а канцеларијата на државниот обвинител и полицијата започнале обемна истрага за да се утврди причината за смртта.
Полицијата соопшти дека нема опасност за пошироката јавност.