Ноќеска ќе почне зимско сметање на времето – ќе трае до март 2026 година

by irena 08:56
08:56

Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври, во 3 часот по полноќ, почнува зимското сметање на времето.

Часовникот ќе се врати еден час наназад, односно ќе биде 2, а денот ќе трае еден час подолго од останатите во годината.

Со промената на времето се добива повеќе дневна светлина во утрата, но и порано се стемнува попладне.

Зимското сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од октомври, а трае до последниот викенд на март, кога часовникот повторно се поместува еден час понапред.

Летното сметање на времето првпат е воведено во Германија во 1916 година, со цел работниот ден да се одвива што е можно подолго додека е ден, а и за да се заштеди на струја.

По Германија, уште 70 држави ја прифатиле промената на времето, па оваа пракса трае и денес.

Слични вести